И тој клекна на колена: Метју Пери – Чендлер од „Пријатели“ се вери за 22 години помлада девојка (ФОТО)

Ѕвездата на популарната серија „Пријатели“ Метју Пери ја запроси својата долгогодишна девојка Моли Хорвиц (29), а таа рече - да!

Списанието „Пипл“ ексклузивно ги открива среќните вести во животот на еден од омилените телевизиски актери кој го отелотворуваше ликот на Чендлер. Откако заврши серијата, тој се пензионираше и долго време не беше во јавноста. Во последните години актерот ги изненади сите со занемарениот изглед и се чини дека секој ден изгледа полошо.

"Одлучив да се верам. За среќа, јас сум во врска со најдобрата жена во светот во овој момент", рече тој.

Моли Хорвиц ја потврди својата врска со Пери на почетокот на оваа година кога на Денот на вљубените му објави трогателна порака на своето момче.


Фото: PROFIMEDIA

Можеби ќе ве интересира:

Бракот не е „и живееја среќно до крајот на својот живот: Бред Пит за љубовта кон Анџелина