Идеалниот маж во Македонија е со послаба градба: Во светот малку поразлично

Ако ве прашаме какви физички карактеристики поседува „совршениот“ маж, што би рекле? Можеби ги замислувате Бред Пит, Џорџ Клуни или некој сосема друг, но што е тоа што ги издвојува мажите на Балканот? По што се препознатливи Србите? Велат дека културата игра голема улога во тоа, а на темата како изгледа идеален маж во различни земји во светот се осврна и веб-страницата Superdrug Online Doctor.

Студијата, насловена како „Перцепции за совршенството, дел II: мажи“, опфати 11 жени и 8 мажи од 19 различни земји. Истражувачите побарале од нив да фотошопираат фотографија од маж од Њујорк по нивен вкус. Од мажот направија како би изгледал идеален маж во нивната земја.

Инаку, оваа студија е продолжение на претходната, која се занимаваше со стандардите на женската убавина ширум светот. Тогаш резултатите покажаа дека мажите имаат нереални барања и очекувања поврзани со физичкиот изглед на жените. Затоа, истражувачите се надеваат дека студијата ќе им помогне на луѓето од двата пола да ја преиспитаат нивната перцепција за „совршениот физички изглед“.

„Нашата цел е да започнеме револуција, да поттикнеме вистинска промена на сликата на телото, така што луѓето ќе го дадат приоритет на здравјето пред изгледот“, објаснуваат тие. Повеќето од испитаниците идеалниот маж го прикажувале како маж со потемна коса, додека обликот на телото се разликувал. Во Кина, Хрватска, Македонија, Филипините и Обединетото Кралство се покажа дека идеалниот маж е со послаба градба, додека посилните мажи се претпочитаат во Египет, Нигерија, Русија, Србија, Јужна Африка, Америка и Венецуела.


Фото и Видео: Youtube

Извор: мондо