Илон Маск ја загуби титулата најбогат човек на светот: Сопственик на познат бренд сега е прв на листата на моќни луѓе на Форбс

Сопственикот на Твитер и извршен директор на Тесла, Илон Маск, за прв пат од септември 2021 година, не се најде на првото место на листата на Форбс на најбогати луѓе.

Илон Маск, оваа среда падна од првото на второто место на познатата листа на најбогати луѓе во светот. Неговото богатство падна од неверојатни 300 милијарди долари минатата година на 185,3 милијарди долари.

Ова го става Маск веднаш зад богатството на Бернард Арно, извршен директор на матичната компанија на луксузниот бренд Луј Витон и неговото семејство, кое се проценува на 185,4 милијарди долари.

Ова беше прв пат во една година Маск да падне на второто место на листата на најбогати луѓе, која секојдневно се ажурира врз основа на цените на акциите.

Откако накратко заостана зад Арно во средата, Маск набрзо го врати водството, а двајцата милијардери се бореа за првото место додека се одвиваше трговскиот ден.

Маск продаде значителни делови од својот имот во Тесла за да го финансира преземањето на Твитер што го чинеше огромни 44 милијарди долари.

Личното богатство на Маск е во голема мера поврзано со акциите на Tesla, кои изгубија 57 отсто од својата вредност од почетокот на годината.

Тоа значи дека, барем на хартија, нето вредноста на Маск падна од својот врв од 320 милијарди долари во ноември 2021 година, кога акциите на Тесла достигнаа највисоко ниво од 414,50 долари.


Фото: Youtube