Им влегува во вилите на богатите и ги прашува со што се занимаваат, некои одговори го изненадија
Работата на Арон Ванкампен е хонорарно истражување за недвижнини за компанијата One Percent Homes од Торонто. По некое време, тој се појави на „ТикТок“ , почна да влегува во раскошни куќи и да ги испрашува сопствениците што прават и што можат да си дозволат, па со ова стана вистинска ѕвезда на таа социјална мрежа.
Снимките од неколку раскошни домови и скапи автомобили собраа 27,3 милиони прегледи, а Арон дозна дека куќите им припаѓаат на двајца адвокати и една жена која рече дека се занимава со подлабоко значење на соништата.
"Вилите што се појавуваат на мојот канал се наоѓаат во поголемата област на Торонто, а некои во соседните градови како Вон и Мисисага. Мислам дека нивните цени се движат помеѓу пет и десет милиони долари", рече тој.
Иако коментарите се различни, целта на Арон е да им покаже на луѓето дека можете да заработите добри пари работејќи ја саканата работа и дека не мора да бидете адвокат или лекар за да можете да си дозволите ваков дом.
Го откри и најчудниот одговор што го добил.
„Една средовечна жена во импозантна куќа ми рече дека е безгрижно невработена“, рече тој.
Тој додаде дека идејата за снимање вакви видеа му паднала на ум кога смислувал како да ја зајакне својата работа со скратено работно време.
"Морав да ја зголемам количината на работа, бидејќи мојот примарен извор на приход- бев келнер, беше осакатено од пандемија на коронавирус. Како дел од мојата нова работа, морав да снимам разни локации, од кои многу се домови на луѓе. Тоа значи дека морав да тропам на нивните врати“, рече тој.
@onepercenthomes Ask crazy home owners what they do for a living?#whatdoyoudoforaliving #onepercenthomes #crazyhouse #nofear #lifehack #fearless #realestate #fyp
♬ original sound - 1% Homes
Тој истакна дека ја почитува желбата на сите да не се снима во нивниот дом и дека никогаш не е наметлив. Ако сопственикот на вилата не го сака на неговиот имот, тој ќе се повлече.
„Ова го правам за сите оние луѓе кои поминуваат покрај нечија импозантна вила и размислуваат што прави сопственикот“, рече на крајот, пренесува BuzzFeed.