Има 52 години, а изгледа како дете од 5 години: Малечкиот Батон

Басори Лал, од една индиска провинција станал локална, а сега и светска ѕвезда.

Гледајќи оддалеку, Басори можеби ви изгледа како дете - висок е само 73 цм. Меѓутоа, тој има 52 години и е ѕвезда на своето село.


Тој вели дека во младоста неговите врсници го колнеле, го нарекувале со грди имиња, додека денес го гледаат како херој. Неговиот брат 57-годишниот Гопи Лал, објаснува дека неговото семејство  е благословено поради Басори.

„Луѓето од другите села ни доаѓаат само за да го видат мојот брат. Горди сме што толку луѓе го сакаат. Благословен ни е семејниот дом“, бели Гопи.

Дури и Басори е среќен заради својата градба.

„Не ми смета мојата висина. Работам, живеам, јадам и спијам како и сите останати“, вели тој.

Кога бил бебе ништо не го разликувало од врсниците. Дури околу 5-тата година семејството забележало дека Басори не расте. Поради сиромаштија семејството не можело да си дозволи медицинска помош, па дури ни вистинска дијагноза. Неговите блиски ни денес, не знаат што ја предизвикало неговата необична појава.