Има ли нешто што овој човек не може да направи? Новак Ѓоковиќ покажа уште еден скриен талент

Скриениот талент на Ноак Ѓоковиќ воодушеви, сликата зборува погласно од зборовите

Извонредниот тениски талент на Новак Ѓоковиќ го препозна Јелена Генчиќ на само шест години. Иако денес гордо ја носи титулата најдобар во светот, Ноле покажува интерес и за другите спортови.

Пред Олимписките игри кои ќе се одржат од 26-ти јули до 11-ти август 2024-та година во Париз, се огласи славниот тенисер, а фотографијата на која се гледа уште еден талент на Новак Ѓоковиќ не остана незабележана.

- За да влезам во зоната за Олимписките игри, мислев да пробам некој од другите спортови - напиша тој под сликата која го открива талентот на Новак Ѓоковиќ за веслање.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Скриениот талент на Новак Ѓоковиќ ги воодушеви неговите следбеници, па и овој пат не изостанаа коментарите.

„Изгледаш како талентиран тип“, „Тенис, па тенис. Се заинати српски, а има уште толку спортови каде што ќе го освоеше златото“, се само дел од коментарите.

За потсетување, по поразот од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ почна да се подготвува за Олимписките игри.

Подготвен да се справи со новите предизвици, тенисерот покажа неверојатна упорност и желба за победа, па се надеваме дека овој пат ќе успее да го освои златниот медал кој толку многу го посакува.


Извор: глориа.рс