Има само еден начин да се стигне до библиотеката: Мостот ланец, широк 10 см

Мостот ланец, провинција Сечуан, Кина

Во кинеската провинција Сечуан, има два карпести рида кои се дом на храмови и на даоистичката и будистичката вера.

Зградата на работ на карпата е библиотеката во античкиот храм „Cloud Rock“.

Иако порано имаше само два начина за пристап до библиотеката стара 1.000 години: едниот преку долга и кривулеста планинска патека за која беше потребно многу време (одамна е затворен), остана само другиот и единствен кој е кратенка преку мост направен од само два синџири – едниот за пешачење и другиот за да може да се задржите.

Црно-бела фотографија направена во 1930-тите покажува кинески будистички монах како се враќа од библиотеката преку мостот направен од два железни синџири кои ја поврзуваат библиотеката на врвот на едната висока карпа со врвот на карпата од другата страна на клисурата. Синџирот по кој се гази е нешто помалку од 10 сантиметри.