Имал „микропенис, еден тестис и искривени сексуални желби“: Документ што го разоткрива Хитлер
Адолф Хитлер дојде на власт како канцелар на Германија во 1933 година пред да стане Фирер една година подоцна. Неговата експанзионистичка идеологија доведе до Втора светска војна, а неговиот вознемирен светоглед доведе до масакрот на шест милиони Евреи. Но, еден од најбруталните тирани во историјата беше на мисија да им се одмазди на неговите недостатоци во животот, велат медицински работници кои придонеле за психолошкиот профил на Хитлер.
Во 1943 година, Американската канцеларија за стратешки услуги, претходник на ЦИА, му наложи на д-р Хенри Мареј да ја проучи личноста на Хитлер како дел од истрагата на Волтер Лангер „Психолошка анализа на Адолф Хитлер, неговиот живот и легендите“.
Во својот извештај од 229 страници, д-р Хенри Мареј го опиша Хитлер како „параноичена руина неспособна за нормални човечки односи“.
„ Невозможно да се надеваме на каква било милост или хумано постапување од него“, додаде Мареј.
Според извештајот, Хитлер страдал од неподносливо чувство на инфериорност, кое најмногу потекнува од неговиот мал, слаб и болен физички изглед.
Тој се бореше со својата несигурност со тоа што се поклонуваше на „брутална сила, физичка сила, невнимателна доминација и воено освојување“.
Дури и сексуално, Хитлер беше опишан како „полнокрвен мазохист“, кој ги понижуваше и злоставуваше своите партнери, пренесува британски Експрес.
- Не можејќи да ја покаже својата моќ над една жена, тој компензираше со тоа што покажа ненадмината моќ пред мажите во светот воопшто - додава лекарот.
Широкиот извештај покажува дека Хитлер имал „микропенис, еден тестис и ги терал жените да го шутираат и да вршат нужда врз него“.
Лангер заклучи дека Хитлер не е способен за нормален секс, па дури се наведува дека имал сексуални односи со неговата внука Гели Раубал.
Таа, наводно, му кажала на неговиот поддржувач Ото Штрасер, кој подоцна избегал од режимот.
Нацистичкиот Ернст Ром зборуваше и за бизарниот фетиш за време на една прошетка, кога тие информации стигнаа до американскиот шпион.
Ром исто така откри дека Хитлер ги сака и жените од село.
- Тој сакаше да ги гледа кога се во полето и кога се наведнуваат за да може да ја види нивната позадина, особено ако имаат големи задници - наводно рече Ром.
Германската филмска sвезда Рената Мулер, наводно, морала да го шутира Хитлер додека лежел на подот за време на сексот. Подоцна таа се самоуби.
Д-р Мареј заклучи дека голем дел од неговиот гнев потекнува од комплексот „Едип“ - љубов кон неговата мајка и омраза кон неговиот татко - што тој го разви кога случајно ги виде своите родители како имаат секс.
Хитлер го почитувал својот татко, но го видел како непријател кој управувал со семејството со „тиранско штедење и неправда“.
Според извештајот, Хитлер и завидувал на машката моќ на неговиот татко и сонувал да го понижува за да ја воспостави „изгубената слава на неговата мајка“.
Дури и во екот на својата моќ, Хитлер страдаше од чести емоционални колапси поради каење, забележа лекарот.
- Тој имаше кошмари поради каење - напиша лекарот во извештајот.
На крајот, д-р Мареј објаснува дека Хитлер им ги проетирал личните фрустрации и пропусти на Евреите, затоа што тие „не се одмаздиле со тупаници и оружје“.