Забава // Занимливости
Индонезија испраќа полицајци на слабеење: Поради вишокот на килограми не можат ефикасно да работат!
- 23 Јули, 2019
Еве што се обврзани да прават.
Вкупно 50
индонезиски полицајци се избраниците на кои им е наредено да започнат со
интензивни тренинзи и напорна програма за слабеење, поради вишокот на килограми
кои ги имаат и им сметат во извршувањето на нивните работни обврски.
Во нивниот режим е запишано дека треба две недели да трчаат, пливат и да вежбаат аеробик во полициската школа во Мојокерт.
Потпаролот на полицијата, Франс Барунг изјави дека сето ова ќе им помогне на полицајците подобро да ја извршуваат својата работа и дека освен оваа програма имаат предвидено и дел со психолошко советување, за тоа како да јадат рамномерни оброци препорачани од нутриционист.