ЈОВАН ЈОВАНОВ ГО СРУШИ МИТОТ ЗА КАНАДА: Тешко се живее таму, премногу е скапо!

Пејачот Јован Јованов се врати во Македонија од Канада и во поткастот кај Стефан Лазаров, откри како е да се живее во земјата за која копнеат многу Македонци.

За жал, тој го сруши митот дека секој може да живее во Канада.

„Канада не е веќе тоа што беше и многу е скап животот таму. Многу балканци се враќаат назад. Ти ако немаш бизнис, нема шанси да купиш ништо. Сега е тешко да се почне живот во Канада од почеток. Ако имаш план дека сакаш некој бизнис да отвориш, да отидеш со пари од тука, да, ама ако мислиш дека ќе најдеш работа, не“, рече тој.

Тој рече дека стан од 80 квадрати го платил 600 илјади долари, а за одржување на зградата месечно плаќал 800 долари. 

View this post on Instagram

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Извор: ФАКТОР