„Три месеци ми требаа да научам македонски“: Љубовта од Колумбија ја донесе Карина во Неготино
Кога ќе ја запознаете Карина Луз Гонзалез Бенитез, веднаш ќе ве освои нејзината насмевка, енергијата и природната топлина што ја носи во секој разговор. Таа има само 22 години, доаѓа од Меделин – шарениот, живописен град во Колумбија, но веќе речиси една година нејзиниот дом е едно сосема поинакво место – Неготино.
„Се заљубив во Македонец. Тој ме доведе овде, и така се заљубив и во Македонија,“ раскажува Карина, на почетокот од нашето интервју, со насмевка која не ја симнува од лицето. Таа вели дека љубовта била причина да дојде, но луѓето, атмосферата и малиот град со голема душа ја натерале да остане.
Кога пристигнала во Македонија, сè ѝ било ново, но веднаш почувствувала дека тука има нешто познато – топлина и блискост што ја потсетила на нејзината Колумбија.
„Храната овде е неверојатна, има толку уникатен вкус, а луѓето се љубезни и отворени, особено во помалите места. Навистина ме изненади таа искреност и едноставност во односите,“ раскажува таа.
ЦЕЛАТА ПРИКАЗНА НА ЖЕНСКИ МАГАЗИН ТУКА.