Иновативната тутунска алтернатива IQOS две години присутна во Македонија
Иновативниот уред IQOS кој претставува помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, веќе две години е присутен и на македонскиот пазар. Со појавата на овој електронски уред, возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од цигарите добија можност да се приклучат на големото семејство од над 21 милиони луѓе ширум светот кои кои го користат овој систем за загревање развиен врз база на научни докази.
Овој електронски уред го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол кој во себе содржи во просек 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни состојки во однос на чадот од цигарите. Со загревањето се задржува истото ниво никотин, но се елиминираат чадот, катранот, пепелта и други штетни состојки кои настануваат при процесот на согорување на цигарите. Пред две години, реномираната американска агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука во која меѓудругото наведува и дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.
Уредот е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Овој иновативен уред е достапен на 71 пазар во светот. Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science |Philip Morris International.
Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис интернешнл и Тутунскиот комбинат Прилеп основана во 2014 година.