Исповед на таткото за момчето кое мајка си го полеа и запали со бензин: „Еден сосед беше во куќата. Зошто го оставил да гори?Велат си пиел пиво и само гледал“
Младиот маж Аца Т., кој беше запален во Српска Црна е во тешка состојба, а неговиот татко Раде Т. за порталот Нова.рс изјавил дека не разбира како мајка можела да си го повреди детето.
„Тој е мојот најстар син. Имам голема болка и тешко ми е да зборувам за ова. Доби изгореници, повеќе од 50%, најверојатно ќе го изгуби видот и косата му е целосно изгорена“, вели неутешниот за спомнатиот портал.
Тој посочува дека е свесен дека неговиот син некогаш знаел да ја испровоцира мајка си, но не може да најде причина за да направи ваква страшна работа.
„Која мајка може да му го направи ова на своето дете? Ме остави, отиде кај друг маж. Аца се налути поради тоа и го разбирам, знаеше да ја навреди, но нема такво нешто да и каже, а таа да го запали за тоа“, нагласува тој. Како што истакнува, мора да биде силен поради другите деца, но тешко му е поради првороденото.
„Ние сме скромно семејство, отидов во центарот за социјална работа да побарам помош, но ме избркаа. Сакаа да ми ги земат децата, веќе сум стар и мојот работен век заврши. Ова е преголема тага, не знам веќе што да правам со себе. Според она што го слушнав, соседот бил во куќата кога бил запален, како не му помогнал, зошто го оставил да изгори, велат дека пиел пиво и само гледал што се случува“, завршил мажот во солзи.
Нападот на младиот човек се случил во куќата на новиот партнер на неговата мајка.
А.Т. со тешки повреди во вид на изгореници по целото тело бил префрлен прво во болницата Зрењанин, а потоа во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад.
Таму моментално се борат за неговиот живот.
Како што претходно беше најавено, С.М. издржува казна домашен притвор со електронски мониторинг (наногица) и дека нејзиниот син дошол да ја посети кога таа по расправија го полила со бензин и го запалила.