Забава // Занимливости
Италијанскиот научник повторно со прецизно предвидување: Коронавирусот ќе заврши на пролет
- 05 Ноември, 2020
Со помош на математички метод, италијанските научници уште ова лето прогнозираа дека вториот бран на пандемијата ќе биде помеѓу октомври и ноември.
Италијанскиот научник од Универзитетот во Неапол, професор Франческо Санино сега тврди дека сево ова со коронавирусот ќе престане во периодот април – мај следната година.
– Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме Владата да ги земе предвид резултатите до кои дојдовме и и да преземе соодветни мерки на време, но за жал тоа не се случи, истакна професот Сонино.
Тој тврди дека сега сме на почетокот од вториот бран на пандемијата со Ковид-19 и оти ефикасноста на преземените мерки ќе дадат резултати за неколку недели.