Избрани најдобрите татковци за 2019 година: Самохрани родители, свесни и горди
Наградата е основана во 2006 година во Финска и е на ниво на оаа земја. Оваа година се фокусираше на татковците кои успеаја да постигнат баланс помеѓу работата и родителството, како и татковците кои одгледуваат деца во тешки околности.
На Хермаи Хутијал му беше доделена титула како самохран татко кој, откако неговата сопруга почина во 2014 година, мораше да одгледува четири деца.
За време на една вечера, додека со лажица ги хранеше своите три деца, му стана јасно како ќе изгледа неговиот живот како самохран татко.
„Сфаќате дека треба да се грижите за сопствениот секојдневен живот и за сите потреби на децата“, рече Хутијала за финската државна телевизија.
Тој работеше од дома една година и му помагаа претставници на локалната самоуправа, членови на поширокото семејство, црквата и разни организации.
„Се надевам дека моите деца ќе го запомнат своето детство, не само во голема болка што ја загубија својата мајка, туку и во фактот дека тато даде се од себе“, додаде тој.
Наградата ја доби и Jука Лагерблом - затоа што тој е вистински пример за „обичен татко“ за сите други татковци кои ги користат услугите на Здружението „Мијасакит“, кое се занимава со менталното здравје на мажите.
Третиот добитник на наградата е Петри Јакола, кој порасна заедно со алкохоличари родители, но успеа да стане добар и примерен родител.
Јакола е самохран татко на пет деца, па дури и успева да им помогне на другите семејства во слична ситуација.
Финска е
единствената земја во развиениот свет каде татковците со деца на училишна
возраст поминуваат повеќе време од мајките, се вели во извештајот на
Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Како и во скандинавските земји, законот исто така им дозволува на татковците и мајките да земат отсуство за одглеување на децата во Финска.
За татковците, дозволени се дури и неколку дополнителни недели одмор. Финска е исто така позната по тоа што дава пакети за татковци кога ќе се роди бебе.
Но, Финска е во некои аспекти зад скандинавските земји. Стресот да се најде работа и финансии се главните причини зошто помалку деца се раѓаат во Финска.
Минатата пролет, финската влада го прогласи 10 ноември, Денот на таткото, за официјален празник.
Каи Микенен, тогашен министер за внатрешни работи, рече дека е јасен знак дека татковците и мајките се еднакви во правата и одговорностите.
Во јуни, новата коалициска влада предводена од социјалдемократите ја откри програмата што ќе им даде на родителите уште повеќе слободно време.
Но, кога станува збор за грижата за семејството, не се важни само отсуствата и одморите, вели Херман Хатиал. Трите најважни работи се љубовта, поставувањето граници и храната.
Тој рече дека ги научил децата да решаваат спорови едни со други.
„Ако се извините и простите едни со други тоа е најдобро. Ако татко ви е нервозен и лут, тогаш тој мора да објасни зошто е и да се извини. Во човечка природа е понекогаш да се судриме“, заклучи еден од официјално најдобриот татко на Финска.