„Излегуваме заедно, луѓето очекуваат да се бакнуваме“: Толку е младолика што сите мислат дека синот ѝ е момче
Таа е мајка на три деца и има 34 години, но Зашија Сантијаго изгледа толку младо што кога ќе излезе со својот најстар син, луѓето мислат дека таа е неговата сестра - или понекогаш дури и неговата девојка.
Зашија сподели видео од себе и синот Зеј како се гушкаат на TikTok, со наслов: „Мислат дека сум неговата голема сестра“. Таа потоа се вратила на постара слика на која го гушкала Зеј кога тој бил дете, пишува The Sun.
Зашија често споделува видеа од нејзиниот секојдневен живот на TikTok, но често споделува видеа и со нејзиниот син. Првиот син, кој има 17 години, го родила на само 17 години, а открила дека помеѓу првата и втората бременост поминале 14 години. Рекла и дека таа и нејзиниот син често излегуваат заедно, и дека се најдобри пријатели, а често се шегуваат и со тоа што многумина мислат дека се пар, а не мајка и син.
- Искрено, поласкана сум што луѓето мислат дека изгледам толку младо, никогаш не би си дала 17 години - вели таа смеејќи се во едно од видеата. Нејзиното неодамнешно видео собра повеќе од осум милиони прегледи, а луѓето брзо се собраа во делот за коментари за да ги напишат своите размислувања. Многумина признаа дека мислат дека Зашија и Заи се дечко и девојка.
- Мислев дека сте во врска - напишал еден корисник. - Не го очекував тоа!! Мислев дека ќе се бакнувате! - додаде друг корисник. Сепак, некои напишаа барања во коментарите за Зашија да ги сподели своите тајни против стареење.
- Како изгледаш сега помладо од порано?! - праша еден корисник. -Буквално старееш наназад...најубавата мама! - коментира друг.