„Извинете, може само да ги ПОГАЛАМ црешите?“: За ВИСОКИТЕ ЦЕНИ на ова овошје, луѓето прават ШЕГИ за полесно да ги „СВАРИМЕ“ астрономските цени

Ако сакате на во овој период од годината да ги вкусите раните цреши, тоа може да ве чини. Во нашата земја, но и во соседството ова овошје стана вистински луксуз, може да си ги дозволат само оние со подлабок џеб. На социјалните мрежи се појавија фотографии од зелените пазари во Скопје на кои се гледа дека цената по килограм достигнува и до 1300 денари.

Ако целта ги оправдува средствата, во тој случај цената Причините за високата цена може да бидат повеќе. Ако се земе во предвид тоа што црешата е рано увозно овошје, лошите временски услови, а со тоа и намален род, транспортот и работната сила.

Ако се направи споредба со цените на црешите на пазарите во соседна Србија, кај нас цената е за два пати повисока од нивната. Во Србија може да се најдат цреши за 1000 до 1500 динари по килограм, што во македонска валута тоа би било нешто повеќе од 500 до 800 денари.

Додека во Бугарија достигнуваат до 48 лева или околу 1500 денари, како и во Македонија ова е рекордно ниво на ова овошје во земјата.

Високата цена на црешите на македонските пазари, економските експерти ја препишуваат и на ценовниот шок со кој се соочува нашата земја. Драстичното поскапување е забележано кај овошјето, а како пример ја посочуваат цената на црешата.

На социјалните мрежи се споделуваат комични коментари за виоската цена на ова овојше, кај нас и во соседството.

„Да не се со месо?!“, „Е, па свежи се“, „Дајте ми 30 грама“, „Со месо или без?“, „Потрошиле цел фломастер додека ја напишат цената“, „Една кајсија и три црешни, ќе ве молам“, „Може ли да ги погалам црешите?“, се дел од коментарите.

Многумина се послушија и со оваа шега „Кога ќе си најдеш 50 денари на улица..“.