Ја допирал стујардесата за гради, пцуел, викал...: Создаде хаос во авионот, а заврши вака
Снимката од авионот ги шокираше сите - арогантниот млад
човек направи хаос, сите во неверување!
Бесен и арогантен патник ги шокираше патниците на летот од Филаделфија до Мајами. Не само што бил бучен, туку бил и насилен кон персоналот, се затоа што, според неговите зборови, тие „го третирале како говедо“.
Видеото од инцидентот во авионот заврши на социјалните мрежи и предизвика гнев кај корисниците на оваа платформа, а главен актер во видеото е 22-годишниот Максвел Вилкинсон Бери.
Frontier passenger allegedly touched 2 flight attendants breasts, then screamed his parents are worth $2 million, before punching a flight attendant. Frontier suspended the crew for duct taping the passenger to his seat as they landed in Miami. 22 yr old Max Berry is in custody. pic.twitter.com/4xS9Rwvafx
— Sam Sweeney (@SweeneyABC) August 3, 2021
Младиот човек, без разлика дали е во алкохолизирана состојба или под дејство на опијати, создаде хаос за кратко време, а се започнало со фаќање на стјуардесите за градите. Член на екипажот „полетал“ да им помогне на девојките и се обидел да го смири лутиот Максвел, на што тој одговорил со тупаници.
Меѓутоа, ниту тоа не го отрезнило, па продолжил да вика, да пцуе и да им се заканува со адвокатите и родителите кои биле „тешки“ над два милиони долари ...
Немајќи каде да одат, екипажот употребил драстични мерки и буквално го врзале натрапникот за седиштето. На крајот на летот, тој бил предаден на полицијата, која потврди дека против него се поднесени три пријави и дека бил пијан за време на инцидентот.
#frontier #frontierairlines crazy it happened right beside, me it’s crazy out here pic.twitter.com/YdjURlSb5p
— k9spams (@k9spams) August 3, 2021
Нешто подоцна, Максвел се обидел да го оправда своето однесување, па на социјалните мрежи објави дека неговото однесување е лошо поради лошото однесување на екипажот, како и дека е многу вознемирен што другите му се смеат и му викаат ...
Фото: Твитер