Ја имаме најскапата куќа која се продава во Скопје: Дури 13 соби

Не е тајна дека недвижнините во нашиот главен град имаат највисока цена. Со поскапувањето на метар квадратен, драстично рипнаа и цените. Најскапите објекти кои се продаваат се оние во централното градско подрачје и на Водно, посебно во резиденцијалниот дел. И тоа отсекогаш било така. 

На Водно има куќи кои се или хациенди или наликуваат на замоци и палати или изгледаат како оние од холивудските филмови.

На сајтовите за недвижнини, конкретно на Реклама 5 можат да се најдат мал милион куќи кои се продаваат, и нови и стари. Но една посебно се издвојува.

Куќата е на Водно, има 13 соби, располага со внатрешност од 500м квадратни и дворно место од 1100м квадратни, а е во близина на резиденцијалниот дел.

Пишува дека цената и е 1 400 000 евра или со бикви милион и четрсто илјади евра...

Па кој сака, може да ја погледне на следниов линк: 

https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4155930


Фото: Реклама 5