Ја нарекувале Кралица на лавовите, дури и спиела со нив: Имала глутница од 150 диви мачки, а еден ден лав и ја расцепил главата

Типи Хедрен, актерката најпозната по улогата во „Птиците“ на Хичкок, го доби прекарот Кралицата на лавовите.

Денес оваа дама има 90 години, а патем е и мајка на популарната актерка Мелани Грифит. Никогаш не ја криела љубовта кон големите и диви мачки. Признава дека некои од одлуките кои ги донела во текот на животот не биле најдобри, а една од нив бил моментот кога решила во својот дом да го донесе лавот по име Нил кој тежел „само“ 181 килограм. Актерката и денес кога зборува за тоа дека дозволила лавот живее со неа и нејзиното семејство, се вознемирува.


Љубител на големите мачки била уште од 1983 година додека го снимала филмот „Рок“, денес познат и како најопасниот филм снимен некогаш.

Во филмот имало 150 лавови, тигри, јагуари, леопарди, пантери и други големи мачки. На крајот од филмот било напишано дека ниту едно животно не е повредено за време на снимањето, додека 70 членови на тимот претрпеле различни повреди, напишала Хедрен во нејзините мемоари. Неколку години подоцна таа истакна дека не може да разбере што размислувале тогаш сите од тимот и како можеле да тизикуваат толку животи на луѓе поради снимање филм.


Поранешниот сопруг на Типи, Ноел Маршал, го режираше филмот и глумеше во него, а идејата за целата работа потекнала од нив двајца. Таа дошла на оваа идеја додека снимала во Зимбабве неколку години претходно, каде првпат се сретнала со лавови. Особено се зближила со младенчето лав, кое било причина таа да биде опседната со големите мачки.

- Сфатив дека дивите мачки не се ништо друго освен прекрасни предатори кои не можеме целосно да ги разбереме. Колку повеќе учев за нив, толку повеќе ги сакав, напишала актерката во своите мемоари.

Ветеринарот од Лос Анџелес и тренер на животни Рон Оксли ги охрабрил Типи и Нил да живеат со лавовите некое време за подобро да ја разберат нивната природа пред снимањето. Нејзината ќерка Мелани дури и спиела со лав во креветот, а нивните гости често биле преплашени поради дивото животно па одбегнуввале да ги посетат.


-Ми требаа неколку години да сфатам колку бевме глупави и невнимателни затоа што многу работи можеа да тргнат наопаку, призна Типи. Бројни членови на снимањето го напуштиле сетот поради страв за сопствениот живот бидејќи се нашле во ситуации да помислат дека животот им е во опасност.

За време на симањето Хендер паднала од слон и ја скршила ногата, а лав ја гризнал за втатот и буквално и ја расцепил главата.

Нејзината ќерка - Мелани Грифит, која во тоа време била тинејџерка, за малку ќе го изгубила окото кога еден од лавовите ја зграбил за лицето. И биле ставени преку 50 конци и претрпела огромна реконструктивна операција на лицето.

Очекувано, огромна пречка за време на снимањето беше координацијата на толку многу лавови и диви мачки, а нивното принудување на соработка можеше да има смртоносни последици, кои за среќа не се случија.



Фото:Willi Schneider / Shutterstock Editorial / Profimedia