Ја осакативме: Што ѝ направивме на нашата планета за помалку од 50 години (ВИДЕО)
Погледнете го видеото на GoogleEarth кое покажува како се променила планетата во 1984 година за две минути
Најголемите промени во животната средина во историјата на планетата Земја се забележани во последните 50 години.
Сликите направени од Google Earth - од 1984 до 2020 година - ги покажуваат овие промени и разорните ефекти од климатските промени.
Видео на Google Earth
Видеото објавено од Google Earth покажува како планетата се променила од 1984 година.
Видеото ги прикажува најдрастичните промени кои настанале како резултат на климатските промени, како што е повлекувањето на глечерот Колумбија на Алјаска, кој се менува најбрзо во споредба со сите други глечери во светот. Освен тоа, видливо е дека амазонската прашума исчезнува и се претвора во села и фарми, пишува Science Alert.
На веб-страницата на Google Earth, можете да видите промени кои спаѓаат во пет различни категории:
- Менување на шумите
- Кревка убавина
- Извори на енергија
- Планета која се загрева
- Урбано проширување