Ја продаваше интимата на сајт за возрасни, па го промени личниот опис заради болеста: Користела инвалидска количка, го урна сонот на машкиот род

Не се откажала, па си кажала дека нема да дозволи да падне

Поранешната ѕвезда на филмови за возрасни, Џена Џејмисон успеа да ја надмине ретката автоимуна болест, Гилен-Баре синдром, со која се зарази во јануари 2022-ра година. Во тоа време, поради атрофија на мускулот на ногата, таа не можеше да оди без помош, а лекарите потоа погрешно ја известија дека има уште шест месеци до една година живот.

View this post on Instagram

A post shared by Jenna Lawless (@jennacantlose)


Лекарите се посомневале дека поранешната Плејбој зајачица има и рак на крвта, па морала да помине 9 месеци во болница.

- Кога за прв пат ми кажаа дека немам уште долго да живеам, мислам дека едноставно се скршив. Навистина не знаев како да го сварам тоа – изјави Џена еднаш за „TMZ“.

Џена не се откажала па си кажала дека нема да дозволи да падне.

View this post on Instagram

A post shared by Jenna Lawless (@jennacantlose)


– Морав да го земам своето здравје во свои раце, па се качив во инвалидска количка и ја напуштив болницата – изјави Џејмисон за странските медиуми.

Сега, по повеќе од една година, Џени се пофали со добра вест. Таа објави споредбена фотографија – некогаш и сега. На претходната фотографија се гледа како Џени користи шетач, со инвалидска количка зад неа. Додека на сегашната, таа во свој стил позира во огледало.

- Еве потсетување. Сметајте ги вашите благослови и бидете благодарни. Ја изгубив способноста за одење пред повеќе од една година и мислев дека сум готова. Се борев и постојано се трудев да станам подобра личност однадвор, но уште поважно одвнатре. На оваа нова месечина, денес, манифестирам добрина. Љубов. Со среќа. Придружете ми се – напиша таа во описот на фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Jenna Lawless (@jennacantlose)


Поранешната кралица на филмовите за возрасни сега е во брак со својата девојка, инфлуенсерката Џеси Лолс. Судбоносното „да“ ѝ го кажа на својата девојка Џеси Лолс на интимна церемонија во Лас Вегас на 23-ти мај.

- Ја најдов личноста со која навистина требаше отсекогаш да бидам - ​​изјавила Џена за „Пипл“.

извор: espreso.rs