Ја зголемува сексуалната желба, број 1 борец против вируси: Го има кај нас, но внимателно
Слаткиот пелин (Artemisia annua) одамна е познат како растение со силни лековити својства, пред се благодарение на артемисининот, состојка која, според пронајдените записи, успешно се користела и за лекување на маларија.
Во какви услови помага пелинот?
Пелинот се користи за дигестивни проблеми, нервозни црева и жолчен меур, инфекции на цревниот тракт, за уништување на паразити и губење на апетит. Исто така, нашите предци го користеле за лекување на треска, заболувања на црниот дроб, депресија, болки во мускулите и губење на меморијата. Пелинот делува како афродизијак и ја зголемува сексуалната желба, добар е диуретик и помага за исфрлање на течностите.
Некои студии покажаа дека пелинот може да се користи за Кронова болест и нефропатија, а некои луѓе го нанесуваат директно на кожата за остеоартритис, за заздравување на раните и за ублажување на убоди од инсекти. Исто така, маслото од пелин се користи за намалување на болката, а постојат и студии кои ги утврдиле неговите антиканцерогени својства. Во козметичката индустрија, маслото од пелин се користи како мирисна компонента во сапуни, креми и парфеми. Интересно е и тоа што се користи како инсектицид.
Потенцијално токсичната состојка која се наоѓа во пелинот, која предизвикува конфузија, се нарекува тујон, а дестилацијата на пелин во процесот на производство на алкохолни пијалоци ја зголемува концентрацијата на тујонот. Вермут е пијалок на база на вино со вкус на екстракт од пелин од кој е елиминиран тујонот, а апсинтот е можеби најпознатиот алкохолен пијалок направен од масло од пелин, често со други сушени билки, како што е анасон.
Беше популаризиран и консумиран од познати уметници (Тулуз Лотрек, Моне, Ван Гог, Пикасо, Хемингвеј, Вајлд). Во многу земји, вклучително и во Соединетите Американски Држави, абсинтот е забранет, но во земјите на Европската унија неговата употреба е дозволена доколку содржи помалку од 35 mg/kg тујон.
Можни контраиндикации
Пелинот е безбеден за употреба кога се зема во количини кои вообичаено се наоѓаат во храната и пијалоците, вклучувајќи умерена и недневна потрошувачка на пелин и вермут. Меѓутоа, ако земате производи на база на пелин кои содржат тујон, особено во поголеми количини, може да почувствувате некои несакани ефекти како малаксаност, проблеми со бубрезите, ментален немир, тешкотии со спиењето, кошмари, повраќање, грчеви во стомакот, вртоглавица, тремор, промени во отчукувањата на срцето, задржување на урината, жед, вкочанетост на рацете и нозете, а во случај на труење со алкохол, дури и парализа и смрт. Кога се користи на кожата, генерално е безбеден, но кај луѓе склони кон иритација, а особено кај оние кои се алергични на ајдучка трева или невен, пелинот може да предизвика сериозно црвенило и пецкање.
Опасност за бремени жени, епилептичари и луѓе кои страдаат од порфирија
Ако сте бремени или доите, не консумирајте пелин во ниедна форма, бидејќи може да предизвика обилно крварење, па дури и прекин на бременоста (спонтан абортус). Луѓето со епилепсија треба да избегнуваат пелин, бидејќи има извештаи дека зголемената потрошувачка може да предизвика епилептични напади. Луѓето со ретка наследна болест позната како порфирија треба да го избегнуваат, бидејќи тујонот во маслото од пелин може да го зголеми производството на хемикалии наречени порфирини. Акумулацијата на порфирините доведува до оштетување и смрт на клетките на црниот дроб (хепатоцитите).
За време на овие студии, научниците извадиле чисти материи од пелин и ги поврзувале со вирусот, а за потребите на проектот бил користен и див пелин. Учествуваа и виролози од Берлин, а резултатите го изненадија целиот истражувачки тим: супстанциите од пелин покажаа одредено ниво на активност во борбата против вирусот САРС-КоВ-2. Исто така, листовите од пелин покажаа најдобра антивирусна активност кога се екстрахираа со чист етанол или дестилирана вода.