Јован - националниот симбол на етиката и добродетелството во нова животна победа: По матурата пред него се нови животни патишта

Јован Костадинов од Виница стана национален херој по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која се случи на 16 март 2025 година. По краток престој во болница, Јован успеа да се врати во школските клупи и успешно да го заокружи своето средношколско образование. 

Како херој кој спаси голем број животи кобната вечер во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го привлече вниманието на јавноста која се воодушеви од овој храбар и херојски потег на младиот Јован. 

Во знак на благодарност за неговата помош, бутик од Велес го „облече“ младиот матурант за прославата на матурска вечер. 

На социјалните мрежи, Јован сподели фотографии од прославата на матурската вечер под кои можеа да се прочитаат бројни комплименти за неговиот изглед. 

Јован ги освои симпатиите на македонската јавност, а до денеска тој е препознаен како симбол на етиката, добродетелството и храброст.