КАФАНСКИТЕ УСЛУГИ ПОВТОРНО ПОСКАПЕА - најголем раст забележан кај алкохолот и кај храната, еве ги деталите

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, но во споредба со истиот месец минатата година има значителен раст.
- Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4,7 отсто - објави Државниот завод за статистика.
Тие укажуваат дека цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5,2 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,9 отсто.
Иако нивните податоци покажуваат дека цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, се зголемени кај групата Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто, а кај групите Храна, Алкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени, има големи промени во однос на истиот месец минатата година.
Па така кај Храната порастот на цените е 7,5 отсто, кај групата Алкохолни пијалоци поскапување на годишна осонова е дури 9,1 проценти. Кај безалкохолните пријалоци цените во рестораните се зголемиле за 6,1 отсто, додека кај ноќевањата има намалување на цените во споредба со истиот месец минатата година.