Како 20 години постариот фраер ја заведе заносната убавица: Верна му е 13 години, а нему ни на крај памет да ја ожени
Англиската манекенка и актерка Роузи Хантингтон-Вајтли на 18 април ќе го прослави својот 36-ти роденден, а во оваа прилика се потсетуваме на нејзиниот љубовен живот со актерот Џејсон Статам
Роузи 13 години е вљубена во Џејсон, доволен е еден поглед на нив двајца и на сите им е јасно колкава е нивната љубов.
Еве како започна нивната љубовна приказна:
Овој пар е свршен повеќе од пет години и имаат две деца. Сепак, се чини дека совршено им одговара што сè уште не застанале пред олтар. Нивната врска е посилна од кога било и многумина не можат да се сетат на период кога овие двајца не биле заљубени.
Рози (36) е супермодел, актерка и поранешен ангел на Викторија. На 16-годишна возраст, таа влезе во магичниот свет на модата и го фрли својот магичен прав по модните куќи кои бараа од неа да го рекламира нивниот бренд.
Џејсон (55) ја започнал својата актерска кариера дури кога имал 32 години. Пред тоа, тој беше професионален нуркач. За да заработи на улица продавал лажни часовници и парфеми. Во 1990-тите случајно бил ангажиран за рекламна кампања, за потоа Гај Ричи да му понуди улога и оттогаш почнува неговиот подем во светот на актерството.
Роузи и Џејсон се запознале во 2010-та година на музички фестивал. И двајцата веднаш сфатиле дека ја запознале својата сродна душа. Долго време ја криеја својата врска од медиумите.
Фото: Profimedia
По половина година врска, парот почнува да живее заедно и да се појавува во јавноста. Тие веднаш го привлекоа вниманието на јавноста поради нивната 20-годишна разлика во години.
Роузи призна дека она што го сака кај Џејсон е неговата смисла за хумор и фактот дека тој секогаш знае да ја насмее. Таа вели и дека сака што тој секогаш ја поддржува во се.
Во јануари 2016-та година, папараците забележаа дијамантски прстен на прстот на Роузи, но парот не коментираше ништо, само ја потврдија свршувачката.
Во 2017-та година, Рози и Џејсон го добија синот Џек Оскар Статам. И по 13 години заеднички живот, парот е многу таинствен за приватниот живот.
Извор: стил.курир.рс