Како да се решите од забоболката за само 30 секунди?

Забоболката е многу непријатна и тешко издржлива. Болките во забите најчесто се појавуваат кога имате проблем со одреден заб, корен или пак имате некоја инфекција.

Болките можат да варираат и да бидат со различен интензитет, но оние најјаките дефинитивно можат да ги натерат и најсилните мажи да заплачат.

Штом почувствувате некаков вид на болка, веднаш посетете го вашиот стоматолог кој најдобро знае да го реши вашиот проблем. Меѓутоа ако ви се случи вашата болка да ви се појави во текот на ноќта или при патување, еве што да направите:

Потребно ви е половина лажичка мелено каранфилче во прав и половина лажичка кокосово масло. Во стаклен сад размешете ги овие состојки и направете паста. Користете четка за заби за да ја нанесете пастата на болниот заб. Повторете ја оваа постапка три пати на ден и болката ќе исчезне.

Правот од каранфилче содржи еугенол – хемиско соединение кои ја намалува болката, додека кососовото масло има антибактериски својства.

Запамтете, дека овој домашен лек може да користите само моментално да ја елиминирате болката, но никако немојте да го избегнувате стоматологот, туку што побрзо посетете го за да ја утврдите вистинската причина за вашата забоболка.