Како изгледа палатата на Роналдо? Бесконечен огромен базен и логорски оган

Со богатство кое се проценува на 500 милиони долари, можеме слободно да кажеме дека Кристијано Роналдо има доволно пари за трошење и љубов кон луксузниот свет. На неговиот Инстаграм профил често може да видиме како и колку тој ужива во животот, со приватни авиони, одлични автомобили, јахти и вили кои се појавуваат на фотографиите. Фудбалерот често се чести со скапи вили, а оваа имаа минималистилки стил и чини 2 милиони долари.

Се работи за четирисобна викендица во Марбеља, а еден од комшиите му е Конор Мегрегот. 

Вилата е со чисти, модерни линии и бела фасада, која е одличен контраст на плавите бранови. Високите плафони и пространи панорамски прозорци пропуштаат изобилие од природна светлина во животниот простор, додека елегантно лебдечките скали поврзуваат две нивоа. Пространата главна спална соба има масивен вграден гардеробер, приватна бања и секако неверојатен поглед.

Беспрекорно дизајнираната вила исто така поседува и hi-tech висока автоматизација, со која се контролира осветлувањето, климата и забавниот систем. Покрај тоа, тука е винскиот подрум, приватната теретана и киното.

Во екстериерот има одлично дизајнирана градина, совршена за една партија фудбал, инфинити базен и спуштен логорски огин со отворена ложа.

Извор: luxlife.rs