Како мириса универзумот? Научниците открија - одговорот ќе ве инзенади
Сето тоа е поради изгорените ѕвезди
Енциклопедиите се полни со интересни информации за нашиот свет, но има и многу интересни факти кои генерално не завршуваат во сериозни книги од овој тип. Затоа, интернетот е тука да не‘ научи што е „панда дипломатија“, кој има три ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд и како навистина мириса универзумот.
Одговорите на овие и на некои други интересни прашања можете да ги најдете во остатокот од текстот...
1. Кинеските власти со децении практикуваа т.н „панда дипломатија“
За време на Студената војна, кинеските власти по дипломатските состаноци им даваа панди на своите гости. Нивниот чин на добра волја имаше посебна вредност, бидејќи пандите се загрозен вид. Од 1957 до 1983 година, 24 панди беа подарени на други земји, вклучувајќи ги и САД за време на историската посета на Ричард Никсон на Кина во 1972 година.
2. Сликата Ѕвездена ноќ на Ван Гог го прикажува погледот од психијатриската болница во која славниот уметник поминал извесно време
Создаден е во јуни 1889 година, еден месец откако холандскиот сликар бил примен во душевната болница во Сент Реми и тринаесет месеци пред трагично да го заврши својот живот.
3. Салвадор Дали имал генијален начин да избегне да плати оброци во ресторани
Познатиот шпански сликар секогаш избирал да ги плаќа своите ручеци и вечери во рестораните со чекови. За да биде сигурен дека никогаш нема да бидат искеширани, на нивните грбови правел цртежи, со што келнерите и сопствениците на рестораните ги ставував во дилема: дали треба да ги чуваат затоа што се дело на голем уметник и сами да го платат неговиот оброк, или да ги искешираат и засекогаш да изгуби нешто од бесценета вредност? Нема да ве изненади ако ви кажеме дека секогаш го избирале првото.
4. Авокадото никогаш не созрева на дрвото
Поради оваа причина, овоштарите го користат дрвото авокадо како еден вид складиште и не го собираат неговиот плод понекогаш дури и до седум месеци откако треба.
5. Очите на ирвасите не се со иста боја во различни сезони
Нивните очи се златни во лето и сини во зима.
6. Менаџерот на Елвис Присли најде начин да заработи пари за ѕвездата и од неговите мразители
Полковникот Том Паркер, менаџерот на Елвис Присли, на многу начини беше пред своето време кога станува збор за промовирање на популарниот музички уметник. Едно нешто што го направи кога Елвис беше во војска сè уште звучи шокантно. Тој, верувале или не, во екот на анти-кампањата против неговиот пулен, реши да заработи на гневот на луѓето кон Елвис и на продажба стави беџови со погрдни пораки упатени до кралот на рокенролот.
7. Френк Синатра има три ѕвезди на Булеварот на славните во Холивуд
Едната ја доби за придонес во светот на музиката, втората за успешната филмска кариера, а третата за големата трага што ја остави на телевизија.
8. Секоја година во Финска се одржува првенство во фрлање мобилни телефони
Сигурни сме дека барем понекогаш сте сакале да го фрлите мобилниот што подалеку од бес, а не се сомневаме дека некои од вас и тоа го правеле. Звучи неверојатно, но во Финска се одржува натпревар во фрлање мобилен телефон, каде што без каење можете да го истурите бесот на вашиот телефон кој ве издал толку пати. Еден од победниците на ова необично првенство изјавил дека за тоа се подготвувал со „најчесто консумирање алкохол“.
9. Во Швајцарија е нелегално да се поседува само едно морско прасе
Целта на оваа чудна регулатива е да се осигура дека морските прасиња никогаш нема да не се чувствуваат осамено.
10. Универзумот има специфичен мирис
Наводно мириса на комбинација од издувни гасови од моторни возила, барут и скара. Овој мирис најчесто го произведуваат ѕвездите кои умираат.
Фото: unsplash