Како муслимани: Џорџина и Роналдо позираат во традиционална арапска облека
Џорџина, свршеницата на кристијано Роналдо позираше покрај знамето на Саудиска Арабија облечена во традиционална абаја, а во објавата на сите им го честита Националниот ден на Саудиска Арабија.
Џорџина претходно снимила кампања за парфемот Laverne, и тогаш зборувала за својот живот во Саудиска Арабија.
– Се чувствувам многу безбедно во оваа земја и навистина ги ценам нејзините семејни вредности. Многу сум среќна што можам да се поврзам со овој рај на земјата. Моќта и магијата во саудиската пустина се неверојатни – рече таа.
Нејзината објава на социјалните мрежи набрзо собра повеќе од 1,8 милиони лајкови. Некои ја пофалија, а други ја критикуваа и напишаа дека уште еднаш го прекршила строгиот кодекс на облекување на Саудиска Арабија.
– Нема врска со традицијата на Саудиска Арабија – е еден од коментарите.
Во меѓувреме, и Роналдо се облече во традиционална арапска облека. Барем така изгледа на видеото: