Како најлесно да проверите дали некој го враќал бројот на поминати километри на автомобилот? Еве неколку итри совети
Луѓето често го враќаат бројот на поминати километри кога го продаваат својот автомобил, за да може да добијат повисока цена.
Но, за среќа постојат неколку начини на кои самите може да проверите дали тоа е случај со половниот автомобил кој планирате да го купите, што е многу важно, особено доколку со себе не носите мајстор.
Проверете ја километражата
Автомобилите во просек годишно поминуваат околу 20.000 километри.
Доколку автомобилот е стар 5 години, но поминал помалку од 95.000 километри, постои голема шанса некој да ја вратил километражата.
Исто така, добро погледнете ги броевите на километражата бидејќи на некои автомобили производителите може да додадат посебен симбол доколку некој ги бришел.
Проверете дали на командната табла недостасуваат штрафови или нешто други не е како што треба
Доколку командната табла не е наместена совршено или и фали некое штрафче, тогаш постои голема шанса некој да ја менувал или пробувал да го промени бројот на поминати километри.
Проверете ги педалите
Доколку педалите се потрошени, но километражата покажува помал број на поминати километри, можеби некој пробува да ве прелаже.
Проверете ја длабнината на шарите на гумите
Доколку километражата покажува дека автомобилот поминал 30.000 километри, тогаш автомобилот би требало да ги има оригиналните гуми со шари кои се длабоки 1.5 милиметри.
Извор: telegraf