Како Русите ја правеа вакцината против коронавирусот: Владимир Путин супериорно
Светот не престанува со реакциите за руската вакцина против коронавирусот. Многу земји веќе се пријавија за испорака.
Рускиот претседател Владимир Путин, претходно објави дека Научниот институт „Гамалеја“ ја регистрирал првата вакцина против корона вирусот во светот, и дека нејзиното производство е започнато. Но тој додаде дека и други вакцини се во игра и дека се уште се во фаза на тестирање.
Производството на првите дози на вакцината против Ковид-19 веќе подолго време е започнато во руската фармацевтска компанија АФК „Бинофарм систем“.
Се очекува фабриката да произведува до 1,5 милиони дози годишно и е само една од многуте кои работат на брза испорака на потребната вакцина, што би можело да го означи крајот на пандемијата на коронавирусот.
Вкупното производство на лекови наречено „Спутник V“ се очекува да достигне 500 милиони дози во првите 12 месеци.