Каков хорор: Ја реновирал куќата и налетал на ужас (ВИДЕО)

Тој копа по подот, очигледно со намера да истури нов бетон и да постави нови плочки, но во еден момент се случува една од неговите алатки прво силно да удри во нешто, а потоа да потоне во земјата.

Еден корисник на TikTok од Тенеси го сподели со другите корисници на оваа социјална мрежа своето необично искуство, додека ја реновирал ново купената куќа, наишол на ситуација која го запрепастила.

Клипот брзо стана вирален на TiкTok, доби повеќе од 266.000 лајкови, илјадници коментари и беше споделен неверојатни 2.088 пати за само неколку дена.

На почетокот на видеото кое трае само половина минута, гледаме човек кој сака да си ја реновира кујната. Копа по подот, очигледно со намера да истури нов бетон и да постави нови плочки, но во еден момент се случува една од неговите алатки прво силно да удри во нешто, а потоа да потоне во земја. Во неверување, човекот продолжува да копа и по кратко време наоѓа вода.

На човекот тоа воопшто не му се допаднало, но продолжил да копа сè подлабоко и наишол на ситуацијата на вистински извор на вода.

Следбениците биле воодушевени од фактот дека куќата всушност се наоѓа на местото каде порано имало вистински бунар. Коментарите беа измешани. Најголемиот број веднаш ја забележа паралелата со познатиот хорор филм „The Ring“, кој кај нас се преведува како „Прстенот“. Надалеку е познато сценариото на епската сцена во која девојката излегува од бунарот преку телевизорот, а бунарот всушност се наоѓа во куќата што подоцна била изградена таму.

@mortylad Wellcome to welltok #walkonwell #waterwell #tudorhouse #oldwell #oldwaterwell #unexpectedfind #ancient #welltok #wishingwell #englishhistory #coachhouse #1700sengland #tudortimes #hiddenwell #hiddenroom #excavation Oh No (Instrumental) - Kreepa

Повеќето коментари беа од хумористичен карактер, иако алудираа на паралелата со добро познатиот хорор, но имаше и други кои беа посериозно загрижени и не би сакале да се најдат во кожата на човекот кој штотуку открил дека таму е закопан бунар среде неговата куќа!

Други се надеваа дека сопственикот на необичната куќа може да добие некои од благородните метали пронајдени во земјата. Сепак, мнозинството го советуваше да не допира ништо и да провери колку ќе му биде следната сметка за вода.


Фото и Видео: ТикТок