Камионџија починал на 45 минути па признал како изгледа клиничката смрт: Бев во рајот, ја видов оваа личност, ме влечеше за рака (ВИДЕО)
Брајан Милер, камионџија од Охајо, починал од срцев удар додека отварал приколка за камион.
Почувствувал дека нешто не е во ред со него, ја повикал итната помош и им рекол дека мисли дека има срцев удар. Кога пристигнал во болницата, повеќе не бил свесен, но успеале во првиот момент да го оживеат и да ја отстранат блокадата. Сепак, и покрај сите напори, се случила вентрикуларна фибрилација.
„Тој немаше чукање на срцето, немаше крвен притисок и пулс“, изјави медицинската сестра Емили Бишоп. Лекарот четири пати се обидел да го оживее, но не успеал. Како што раскажува Брајан, додека лекарите правеле напори да го оживеат, тој бил во рајот и опишал како е:
„Постои задгробен живот и луѓето треба да веруваат во него“
„Единствено што се сеќавам е дека видов светлина и одев кон таа светлина. Имаше патека обложена со цвеќиња и јас одев кон белата светлина, додека не налетав на мојата маќеа, која неодамна почина. Таа беше најубава нешто кога видов, беше како првиот ден кога ја запознав, таа изгледаше толку среќна“, вели Милер, додавајќи дека се сеќава дека таа го фатила за рака и му рекла дека сè уште не му е време:
„Не е твое време, не треба да си тука, мора да те вратиме, имаш други работи“, се сеќава тој.
По 45 минути му се вратил пулсот
„Неговиот мозок не добивал кислород цели 45 минути, фактот дека тој оди, зборува, се смее, сѐ е неверојатно“, вели воодушевената медицинска сестра.