Забава // Занимливости
Канје Вест се моли на Бог: Привлекува гласачи за изборната кампања
- 14 Октомври, 2020
„Со свртување кон верата, ние ќе бидеме таква нација и такви луѓе какви што Бог сака да бидеме“, вели Канје Вест во видеото, на кое се гледаат семејства на молитва и снимки во природа.
Имено, раперот, сопруг на старлетата Ким кардашијан, го објави првиот официјален видеспот во рамки на предизборната кампања за претседател на САД, фокусирајќи се на религијата и семејствата. Вест (43), кој својата кампања за Белата куќа ја започна со конфузни изјави на неговите профили на социјалните мрежи во јули, се наоѓа на официјалното гласачко ливче во неколку држави во САД, но, според американските медиуми, нема математички шанси за победа. Во видеото, музичарот и моден дизајнер ги замоли приврзаниците да гласаат за него како кандидат.