Карлеуша се сети на погребот на Тоше, па ја прозва Цеца дека се фрлила на ковчегот
Без влакна на јазик секогаш. па дури и кога се во прашање нашиот Тоше Проески.
Еве што кажа Карлеуша во една прилика:
- На годишнината од смртта на Тоше Проески, после толку години можам да откријам неколку интересни детали кои јавноста не ги знае. Јас и Тоше бевме неразделни кога јас и тој бевме многу млади. Тој имаше само 18 години, а јас бев две-три години постара. Двајцата го снимивме албумот во Атина и траеше со месеци... со познатиот грчки композитор Фивос. Секој ден освен недела, одевме заедно во студио. Само јас имав возачка дозвола, па секој ден ми изгледаше исто: станувам, појадувам, го земам Тоше во центарот на Глифада, каде што јас и тој имавме станови и возам со мал опел кон центарот на градот во сообраќајниот метеж во Кифисје. Патувањето траеше во просек по еден час за да се стигне до таму, а тој постојано пееше во автомобилот. И напред и назад. Секој ден. Пееше постојано во студио, на паузите за ручек, додека одеше во тоалет, пееше и пееше... Дури и Фивос на шега рече дека кога ќе го напуштиме студиото , нема сила да слушне ниту една нота на музика. Тоше постојано пееше – напиша Карлеуша и продолжи
- На мојот албум „Само за твоје очи“ пееше придружни вокали, а јас се обидов да помогнам во создавањето на неговиот албум, со тоа што постојано барав да му ја поправам дикцијата во песните на српски јазик. "Meni hvala ni jedno sto sada ćutim, tiho šapćem nemo patim bol da skratim ..." Првпат не снимаше на македонски. Насмеан до тој степен што му здосади од својата веселост, бидејќи... не можеше некој да биде толку среќен и весел нон-стоп. Хиперактивен, полн со енергија, полн со желба... кога би требало да го опишам со еден збор, тоа би било среќа. Беше среќен. Како што може да биде само 18-годишник... Такво пеење и таков талент не сум слушнала. Таква боја, техника, емоција, енергија. Верувајте ми кога ќе ви кажам како пејач кој пее скоро 3 децении, тој беше вонземска приказна…. Премногу совршен за оваа планета. Години подоцна, едно утро ме разбуди звукот на телефонот, Марина Туцаковиќ беше таа која ме праша дали знам што се случило... Таа исто така помина многу време со нас во Атина и знаеше дека мора внимателно да ме информира.. Знаете, јас не отидов на погреб... немав сила, и немаше да можам да ги гледам оние забавувачи кои се фрлаа по ковчегот заради некои поени, а не го ни познаваа... веќе знаете кој се фрлаше и се преправаше... Луѓето кои најмногу го сакаа и најдобро го познаваа, со исклучок на неговото семејство, немаа сила да дојдат... патем, Тоше е роден на ист ден со мајка ми Дивна, на 25 јануари.. Еве... некои работи не ви ги кажав, нека останат тајна - стои во објавата на Карлеуша.
Покрај овој текст, Карлеуша објави и заедничка фотографија.
Да потсетиме, Светлана Цеца Ражнатовиќ беше на погребот на Тошет Проески, кој емотивно се раздели на погребот на македонскиот пејач, а се сомнева дека во последниот дел од својата објава Карлеуша ја „поткачи“ својата лута ривалка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
извор: Србија данас