Киев под опсада: Додека претседателот на Јужна Африка е таму одекнуваат екслозии

Пријавени се експлозии во Киев додека африканските лидери ја посетија мировната мисија

Суспилне, државната телевизија на Украина, известува дека нејзините дописници слушнале експлозии во Киев. Локалната власт соопшти дека е во функција противвоздушната одбрана. Нападот се случи набргу откако претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса пристигна во главниот град како дел од мировната делегација која исто така се очекува да ја посети Москва. Во поголем дел од Украина е воведена воздушна тревога со извештаи за истрелани крстосувачки ракети Калибр од Црното Море.


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави на Телеграм дека имало експлозија во областа Подил во градот и дека се очекуваат уште ракети.

„Ракетите се уште се движат кон Киев“, напиша Кличко на Телеграм.

Два проектили од киевските системи за противвоздушна одбрана беа истрелани во обид да се пресретнат руски ракети кои доаѓаат од југоисточниот дел на градот.

Како што јави известувачот на „Гардијан“ од Киев, во следниот час се очекуваат нови напади.