Ќе биде најстариот претседател во историјата на Америка: Џо Бајден избран за 46. претседател на САД
Си-Ен-Ен тврди дека победата на изборите ја однел Бајден со изборните гласови освоени во неговата матична земја - Пенсилванија.
Со 20 изборни гласови од оваа држава, Бајден има вкупно 273 електорски гласа, што е за 3 пати повеќе од потребниот број.
Светските медиуми веќе јавуваат дека гласовите во Пенсилванија се пребројани, по што се знае дека 77-годишниот Џо Бајден ќе биде 46. претседател на САД.
Според наводите на американските медиуми, кандидатот на демократите има освоено повеќе од 4 милиони гласови во однос на неговиот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп, кој се бореше за втор претседателски мандат.
Во двата манадти на Барак Обама, Џо Бајден беше потпретседател, а сега по четири години се враќа во Белата куќа како еден од најмоќните луѓе во светот. Со 78-години, кога ќе биде и официјално инаугуриран ќе биде најстариот претседател во историјата на Соединетите Американски Држави