Ќе се гони зетот на Зоки Фаци: Ја реализирал заканата кон своето семејство

Основното јавно обвинителство Скопје ја завршило претходната постапка и ги прибрало доказите, врз основа на кои поднело обвинение против едно лице за две кривични дела – Предизикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот беше идентификуван како одговорен за намерно предизвикување пожар во викенд-куќа во Катланово и во стан во Скопје, кои биле во сопственост на неговата сопруга со која биле во бракоразводна постапка.
Најпрво, на 1 мај телефонски и се заканувал на оштетената и на нивниот заеднички син дека ќе им ги запали станот и куќата, а еден ден подоцна ја реализирал заканата, предизвикувајќи пожар со бензин пред влезните врати на двата објекти. Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата и на станот кој се наоѓал во зграда, па била предизвикана значителна опасност за животот на луѓето.
Со обвинителниот предлог, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Јутјуберот Стефан Лазаров претходно објави дека се запалени куќата и станот на новинарот Зоки Фаци, каде по неговата смрт живеат внуците.
Лазаров во објавата, опишува дека ваквата ситуација е резултат на неказнивост и рекација на институциите.
„Оваа објава мора многу сериозно да се сфати од сите институции. Ова утро за малку беше избегната уште една трагедија! Следново што ќе го прочитате е уште еден показател дека живееме со монструми, а систем да не заштити нема, пишува Стефан Лазаров. Ова утро за малку не беа запалени куќата на Зоки Фаци во Катланово и станот во Ново Лисиче во кој сега откако Зоки почина живеат неговите внуци и сестра. Зградата се наоѓа веднаш до основното училиште Лазо Ангеловски и не сакам да помислам колку ќе беше страшно доколку комшиите не изреагираа на време, затоа што пожарот започнал во ходникот на зградата и можел да се прошири низ цел спрат! Е сега се ова станува уште по хаотично! Замислете, пожарот е подметнат од ТАТКОТО на внуците на Зоки (неговиот зет). Подолг период ги малтретира, им упатува закани по живот, е хроничен алкохоличар, пријавуван 100 пати досега, со докази за насилство и докази дека им најавува дека ќе ги убие“, пишува Лазаров.
Лазаров посочува дека ова утро додека куќата во Катланово ја гаснат, таткото им се јавува и им најавува дека ќе го запали и станот, додека тие возат накај Катланово.