Клаудио Раниери порачува – Престани да пушиш кога ќе посакаш, само треба да се обидеш
Со помош на центарот за одвикнување од пушењето, пушачите имаат 3 пати
поголеми шанси да успеат.
Поранешниот фудбалер и познат италијански тренер Клаудио Раниери спонтано се најде во улога на мотиватор во кампањата за сајтот Cigaretteless.it со порака „На сите ни е потребен некој за да не поддржи за да бидеме подобри, професионалците ја прават разликата.“
„Со помош на професионалните совети можете да престанете да пушите“, е мотото на новата кампања која ја промовира споменатата страница посветена на луѓето кои сакаат засекогаш да го остават пушењето. Погледнете го видеото во кое главна улога ја игра Раниери, еден од најзаслужните за прекрасната сезона на Лестер и освојувањето на титулата на Премиер лигата, кога и самиот ја понесе титулата Тренер на годината 2016, според изборот на ФИФА и на тој начин своето име го запиша во италијанската Куќа на познатите.
За што се работи во спотот?
Две аматерски екипи играат на локален фудбалски терен на кој ненадејно се појавува Раниери кој почнува да дофрла: Дали ви е потребна помош? Се приклучува на натпреварот додека неговите предлози и совети во истиот момент имаат позитивно влијание и двете екипи почнуваат да постигнуваат голови.
- Знам дека совршенството не постои. Не се грижете доколку згрешите. Можеме да ги анализираме грешките, а потоа да се обидеме да бидеме подобри. На сите ни е потребен некој кој ќе ни помогне да се унапредиме. Пораката е јасна: На ист начин, со помош на центарот за одвикнување од пушењето, пушачите имаат 3 пати поголеми шанси да успеат.
Во Италија постојат преку 290 центри за одвикнување од пушењето, во кои тимови од лекари, психолози и медицински сестри пушачите ги советуваат како да престанат да пушат, чекор по чекор.
- Главната цел на центарот за пушачите е да биде поддршка во секој смисол на пушачите и помош во подигнувањето на свеста и знаењето за нивниот проблем, тука е да ги отстрани сите сомнежи, да ги разбие сите предрасуди или верувања во лажните информации кои им биле пласирани, врз основа на кои се создава алиби, кое прераснува во додатна пречка кон крајната цел на одвикнување од пушењето, објаснува Роберто Бофи, директор на пулмологија и Центарот за одвикнување од пушењето при ИРЦСС фондацијата, научно истражувачкиот центар на националниот институт за рак во Милано.
Во Италија има околу 10 милиони пушачи. Иако таа бројка падна во последните години, пандемијата на корона вирусот го забави овој тренд и пушењето е и натаму многу популарно. Чадот од цигарите и понатаму е најголема светска закана во превенцијата за здравјето и водечки фактор на ризик за хронични незаразни болести. Да се престане со пушењето треба да биде цел на секој пушач, цел која е тешко да се достигне, а многумина не успеваат.
Што вели статистиката?
Податоците на ИСС Сорвеглианза Паси Институт за јавно здравје покажуваат дека секој трет пушач се обидува да престане, но 80% од овие случаеви завршува неуспешно, а само 10% успеваат да престанат да пушат на подолг период од 6 месеци.
Сајтот Cigaretteless.it дава практична помош на сите пушачи кои се мотивирани да престанат, нуди многу информации за предностите од одвикнувањето од пушењето, упатства за тоа како понатаму како и тестови за самопроценка.
Алтернативите помагаат во промените
Многумина имаат период во животот кога ќе го намалат бројот на запалените цигари, некои престануваат , но за кусо време се враќаат на пушењето. Пушачите треба да знаат дека сега имаат друг начин да престанат со пушењето на цигарите или барем да ги намалат здравствените ризици на кои што се изложени. Постојат уреди кои го загреваат а не го согоруваат тутунот или други алтернативи кои преставуваат прв чекор кон намалувањето на ризикот кај сите оние кои не сакаат да престанат да пушат.
„Да се изедначува употребата на помалку штетни алтернативи и традиционалните цигари е потполно непримерно, објаснува Фабио Беатриче, директор на Центарот за одвикнување од пушењето Сан Џовани Боско во Торино и додава:
- Вакви уреди емитуваат драматично помалку штетни материи што е директен показател на токсичноста која ја предизвикува согорувањето на цигарите. Факт е дека зависноста од никотинот не е надмината, но поголемиот дел од проблемите со сигурност може да се решат кога ќе донесете одлука со која го намалувате ризикот.
Чадот кој настанува со согорувањето на тутунот содржи над 70 различни видови на канцерогени супстанци и над 6.000 токсини.
Алтернативите без чад нудат шанса на луѓето кои не се во можност да го остават пушењето, нагласува експертот.
- Секој кој работи во центрите за одвикнување од пушењето може да ја искористи приликака за да ги смени навиките и да им помогне на луѓето да извршат транзиција, што за многу кратко време може да донесе видно подобрување во смисол на квалитетот на животот, заклучува Фабио.
Пиар текст