Кога би знаеле што содржи никогаш не би купиле копија на парфем: Тоа е ОПАСНО по живот
Веројатно илјада пати сте ја чуле познатата стара изрека - ако нешто е премногу добро за да биде вистина, тоа веројатно е. Ако некогаш наидете на неверојатно ефтин парфем или козметика на Интернет или некоја сомнителна продавница која продава производи по смешна цена, сигурно знаете на што мислиме.
И колку пати сте биле во искушение да го купите тој производ за ситни пари, особено затоа што амбалажата е скоро идентична со оригиналот. Ако ви треба причина да се премислите на време, ова е тоа: здравствените организации откриле дека копиите на парфеми содржат антифриз и урина.
Пет лица беа уапсени под сомнение за производство и продажба на лажни парфеми на познат бренд кои содржат многу ужасни материи. Покрај антифриз и урина, надлежните тврдат дека парфемите содржат и опасни и запаливи хемикалии кои можат да предизвикаат изгореници на кожата.
Овој злостор, кој може да ги чини сторителите 30 години зад решетки, не претставува опасност само за лажни парфеми и не се случува само во Америка. Неодамна, во Велика Британија беа запленети неколку тони фалсификувана шминка, во која беше откриено исклучително високото присуство на жива, арсен и олово, кои се смртоносни за човекот.
Па така следниот пат, не двоумете се ни секунда за лажни, премногу ефтини парфеми и козметика и не заборавајте да ги купите во докажани парфимерии. Ќе потрошите малку повеќе пари, но ќе го зачувате вашето здравје и тоа е најважната работа.