Кога ќе ја погледате снимката, ќе сфатите зошто пилотите земаат голема плата
Огромниот авион буквално „шеташе“ по пистата, а потоа пилотите го направија токму она што се очекуваше од нив. На аеродромот во Дизелдорф, силниот ветер честопати им создава големи проблеми на пилотите, но слетувањето на овие писти е сепак можност овие луѓе да ги покажат своите вештини и способности. Пилотите во пилотската кабина на „Ербас А-380“ докажаа дека се одлични во она што го прават.
Силните попречни ветрови и влажната писта се пречка за секој пилот, особено за оној што треба да го приземји најголемиот патнички авион во светот. Видеото снимено неодамна покажува огромен авион, кој поради огромната маса, „шета“ по пистата, а пилотите на компанијата „Емирати“ мора да да им се оддаде признание за успешно слетување.
Најдобар доказ за големината на авионот е фактот дека вертикалните стабилизатори на снимката брзо излегуваат од рамката. Исто така, треба да се каже дека на целосно натоварен А-380 со 434 тони (максимална дозволена маса за слетување) му требаат околу километар и половина за да слета на пистата.