Кога ќе падне и последната цигла, тогаш ќе дојде крај на светот: Ова на фотката е часовникот на Апокалипсата

„Часовникот на апокалипсата“- Многу е веројатно дека многумина не слушнале за ова место.

Миздархан е некропола и археолошки локалитет во автономниот регион Каракалпакстан, Узбекистан. Основана е во 4 век п.н.е. како утврден град во кој луѓето живееле 1700 години, по што се користел како свето гробно место.

Миздархан некогаш бил втор по големина град во Хорезм по Коние Ургенч.

Локалната легенда вели дека гробот на Адам се наоѓа токму тука, а мавзолејот кој е изграден (на фотографијата) над замислениот гроб на Адам има посебно религиозно значење, таканаречениот „часовник на апокалипсата“. Секоја година од ѕидовите на зградата паѓа по една цигла, а според легендата, кога ќе падне последната, ќе започне крајот на светот, па аџиите се обидуваат да ги вратат циглите во објектот, верувајќи дека Бог ги слуша нивните молитви и ќе ги спаси.

Миздархан бил изграден во близина на постар град на обожаватели на оган каде доминантна религија бил зороастризмот. Во средниот век зороастризмот и исламската традиција се испреплетувале, за што сведочат големиот број ископани гробници.

Споменичкиот комплекс Миздархан се наоѓа на три рида до селото Хоџејли. Колку овој град бил важен, говори и тоа што биле пронајдени градски ѕидини со дебелина до 10 m.

Миздархан напредувал до 14 век, кога Тимур (Тамерлан) водел три походи на Хорезм и го уништил Миздархан, претворајќи го во урнатини. Оттогаш е напуштен и се користи само како гробишта.