Кога си висок два метри, а возиш фиќо: Сергеј седна зад воланот, а главата низ покривот
- 08 Ноември, 2022
Сопругата на Ќетковиќ, Кристина го снимила додека вози, па почнале лавина од коментари
Пејачот Сергеј Ќетковиќ е еден од највисоките на сцената, а со својата сцена на социјалните мрежи насмеа многу корисници на Инстаграм.
Пејачот објави видео како вози фиќо. Неговата глава беше испакната од автомобилот додека возеше, а нозете едвај му беа напикани внатре, што во голем број им се допадна на неговите следбеници на Инстаграм.
Неговата сопруга Кристина го снимила додека вози, а веднаш следеле бројни коментари.
- За мојот Ќетковиќ да седне на задното седиште, да ја извади главата низ покривот, лактите низ прозорецот и возииии Мишко - напишала неговата сопруга и ги насмеала сите.
„Голем човек, што ќе правиш“, „каков крал“, „Те обожавам“, се само дел од пораките што ги добиле.