„Кој е ова?“: Зелен гоблин се појави на Еми наградите (ВИДЕО)

Вчеравечер се одржаа 75. Еми награди на кои бројни ѕвезди прошетаа на црвениот тепих и ги покажаа своите модни изданија. Сепак, зелениот гоблин привлече најголемо внимание, а многумина се прашуваа кој се крие зад маската.


„Зошто зелениот гоблин е на Еми?, А, кој е тоа по ѓаволите?“, прашуваа гледачите, а фотографиите од зелениот гоблин ги преплавија социјалните мрежи.


Кој стои зад маската?

Зад маската се криела Принцезата Попи, која се натпреваруваше во 15-тата сезона на шоуто RuPaul's Drag Race, а подоцна позираше со сите натпреварувачи од шоуто. Принцезата Попи, која не го открива своето име во јавноста, живее во Сан Франциско и беше втора во низата што беше елиминирана од шоуто.



Фото: Х/Твитер
Извор: Index.hr