Која е Натали Германота, сестрата на Лејди Гага?
Контроверзната пејачка Лејди Гага пријатно ги изненади сите појавувајќи се во друштво на нејзината шест години помлада сестра пред неколку години на Оскарите.
Обожавателите уште тогаш заклучија дека ова е еден од најдобрите потези на Гага. После тоа, таа во официјалниот говор оддаде почит на своето семејство, а особено на својата 26-годишна сестра Натали Германота.
„Ти благодарам многу. На сестра ми, на мојата сродна душа, на мојата љубов. На моето семејство, тато и мама кои неизмерно ги сакам“ рече тогаш низ солзи Лејди Гага кога ја презеде својата прва златна статуетка, која ја доби за најдобра оригинална песна.
Гореспоменатата сродна душа Натали со нејзината сестра е крајно блиска. Таа пораснала во Њујорк, исто како Гага, и како дете работела во семејниот ресторан.
Иако ретко, имавме можност да ја видиме Натали со нејзината сестра на некои важни настани. Гага ја носеше на модни ревии и ги следеше колекциите на најголемите модни имиња од првиот ред.
Исто така, поп-пејачката дури накратко ја запозна својата сестра со светот на музиката. Таа исто така ја покани да глуми во нејзиниот музички спот за песната ‘Телефон’. Гага често истакнува колку е талентирана и креативна нејзината помлада сестра.
Патем, Натали ги заврши студиите за дизајн и секогаш покажуваше интерес за мода и дизајн на облека. Во средно училиште важеше за најдобро облечена, а на своите соученици им создаваше матурски фустани. Таа е одговорна и за многу од костумите во кои настапи Гага.
„Понекогаш е навистина тешко да се биде сестра на Гага, но гордоста што ја чувствувам за неа е неопислива“, рече еднаш Натали.