Која е вдовицата на Силвио Берлускони? 53 години помлада од него, дали ќе добие милијарди од наследството?

Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст по долга борба со леукемија, а ја остави неговата вдовица, 33-годишната Марта.

Силвио Берлускони, е поранешен италијански премиер и мајстор за скандали. И една година пред смртта не се смири, но како вистински Италијанец го преврте светот поради љубовта.

Минатата година организираше „симболична свадба“ која го чинеше 400.000 евра кога пред олтарот ја однесе Марта Фасина, 33-годишна пратеничка од неговата партија.

Марта и Силвио се во врска од 2020 година, откако Марта му пишуваше долги љубовни писма, па Силвио немаше друг избор освен да ја остави тогашната девојка со која беше во врска 12 години.

За време на свадбената церемонија Берлускони ѝ рекол на сопругата: „Ти ме комплетираш, не можев да живеам без тебе“.

Гласините велат дека неговите наследници нема да ѝ дадат на Марта ниту цент од големото богатство на Силвио Берлускони, кое се проценува на 5 милијарди долари.


Која е Марта Фашина?

Марта Фашина со години беше опседната со ликот и делото на Силвио Берлускони. Наводно, на грбот ги има истетовирано неговите иницијали.

Во парламентот нејзините противници ја нарекуваа со зборовите: „Што гледа 30-годишна жена кај 80-годишен маж?“

Но, на Марта не ѝ пречеше. Родена во крајбрежен град на југот на Италија, г-ѓа Берлускони дипломирала литература и филозофија на Универзитетот во Рим и почнала да работи за фудбалскиот клуб Милан како службеник за односи со јавноста.

Во тоа време тој клуб беше во сопственост на Берлускони и таа редовно стапуваше во контакт со него.

Таа ја започна својата политичка кариера со пишување серија написи за поддршка за весниците кои ја поддржуваат Форца Италија, партијата основана од Берлускони во 1994 година, кога тој првпат беше избран за премиер.

Колегите ја опишуваат како „едноставна, но слатка“ личност во италијанскиот парламент. Таа ретко гласа и не се обидува да се меша во политичките прашања за кои се дебатира во актуелниот парламентарен мандат.

Била фасцинирана од Силвија Берлускони и воопшто не ѝ сметало што е 53 години постар од неа!

Foto: Printscreen/Instagram