КОЈА Е ВЕЛЕШКАТА КОМПАНИЈА ШТО ОД КОНЦИ ПРАВИ ПРОФИТ – за девет месеци продале роба вредна 4,5 милиони евра
Велешкиот производител на конци и предива, единствена компанија од таков карактер во Македонија, продолжува да ниже успеси во своето работење. Од почетокот на годинава, велешки „Ветекс“ успеа да го зголеми својот извоз и да продаде конци и предива во висина од 4,5 милиони евра.
Добивката на компанијата од почетокот на годината, па заклучно со септември годинава достигнува скоро 174.000 евра, покажуваат официјалните неревидирани податоци од билансот на успех достапен на веб страницата на Македонската берза.
За пофалба е и фактот дека оваа велешка компанија продолжува да „ткае“ успешна извозна приказна, и во изминатиов период го зголемиле својот приход за скоро шест проценти, споредено со истиот период минатата година.
-Во првите девет месеци од 2025 година претпријатието работеше без промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи.