Колку долго Лајка живеела во вселената: Москва со децении ја чуваше тајната која ги згрози луѓето

На денешен ден, пред точно 65 години, Спутник 2 полета во вселената. Имал само еден патник - кучето Лајка...

Тоа беше 3 ноември 1957 година, кога Советскиот Сојуз го испрати кучето Лајка во вселената, кое стана првото животно во вселената.

Лајка беше улично куче кое влезе во историјата како првото живо суштество кое ја напушти земјината атмосфера на пат без враќање.

„Девет кругови околу Земјата ја направија Лајка првата астронаутка во светот која се жртвуваше за да бидат успешни следните мисии во вселената“, изјави во една прилика рускиот биолог Алилија Котовскаја, која е горда на својата работа како тренер на Лајка, пишува Nationalgeography.


Од сите други кандидати, тестовите најдобро ги положила Лајка, тригодишно куче пд мешана раса од улиците на Москва.

„Избравме женки затоа што не мора да ја креваат ногата при мокрење и на тој начин зафаќаат помалку простор. Избравме скитници затоа што се поснаодливи и не бараат премногу“, вели Котовскаја, додавајќи дека и кучињата морале да бидат фотогенични.

Освен што се фотогенични, поради пропаганда добија и значајни имиња. Името Лајка доаѓа од руски збор што значи „лавеж“. Котовскаја вели дека имала исклучителна природа и карактер, приспособливост и интелигентен и распрашувачки поглед и додава дека вечерта пред мисијата сите членови на тимот дошле да се простат од Лајка.

„Знаевме дека ќе умре во текот на летот, тогаш немаше начин да ја вратам. Отидов да ја посетам, ја замолив да ни прости и плачев додека ја галев за последен пат“, вели Котовскаја. Еден ден подоцна, Лајка тргна на пат без враќање.


Сателитот Спутник беше лансиран во 5:30 часот по московско време од Казахстан, а на почетокот изгледаше дека сè оди според планот.

„Во текот на летот, срцето на Лајка многу се забрза и само по три часа се врати во нормала. А потоа одеднаш, во текот на деветтиот круг околу Земјата, температурата во капсулата почна нагло да скока и достигна 40 степени Целзиусови, поради недоволна изолација од сончевите зраци“.

Иако постоеше надеж дека Лајка ќе остане жива најмалку 10 дена, таа почина од топлотен удар и дехидрација само неколку часа по лансирањето.

И покрај тоа, советското радио продолжи да известува за „доброто здравје“ на Лајка, која стана глобална хероина.

Според официјалната верзија што ја држела Москва долго време, Лајка починала од отров што и бил внесен во храната за да не изгори при повторното влегување на капсулата во атмосферата.

Самиот Спутник се распадна во атмосферата на 14 април 1958 година над Антилите. Лајка тогаш беше мртва со месеци.

Вселенското патување на Белка и Стрелка, првите кучиња што се вратија од вселената на 19 август 1960 година, го отвори патот на Јуриј Гагарин, кој стана првиот човек во вселената на 12 април 1961 година.


Фото: Profimedia