Населението во Македонија и на Балканот во иднина ќе се намалува. Македонија е 18. на листата од 20 држави, со најголем проектиран пад на населението во следните децении. Земјава до 2050 година ќе загуби скоро 11 отсто од сегашниот број жители, доколку продолжи актуелниот тренд на намалување на населението, објави порталот Visual Capitalist, повикувајќи се на податоци од Обединетите нации и Светска банка. До 2050 година, населението во земјава, ќе се намали за дополнителни 10,9 отсто, односно во Македонија ќе живеат близу 200.000 луѓе помалку од денес. Повеќе по темава прочитајте на Фактор.мк
Фото: Youtube - screenshoot